Интересно и мошне поучно за сите млади спортисти доаѓа од САД, каде што екс НБА кошаркарот Брајан Скалабрини му одржа лекција на еден талентиран но очигледно дрзок кошаркар инаку средношколец кој го предизвика на меч „еден на еден“. Средношколецот убеден дека Скалабрини немал што да бара во НБА и дека би го победил и во тие денови кога играл, а не пак сега откако е пензиониран влезе во дуел и зажали.

Загуби нормално со 11:0 и ова за него не е само кошаркарска туку и животна лекција. Во стилот „седи дете не ме знаеш кој сум“ Скалабрини го уништи средношколецот, а го сподели видеото кое треба да служи како пример како не треба да се однесува еден млад човек.

 

sportmedia.mk