Парите не се проблем

Манчестер Сити му нуди нов богат договор на Давид Силва

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити подготвува нов договор за шпанскиот интернационалец Давид Силва.

Според новиот договор, тој би останал на „Етихад" до 2020 година и би заработувал 150.000 фунти седмично.  Силва (31) веќе седум години го носи дресот на „граѓаните" откако во 2010 година пристигна од редовите на Валенсија.

Многу извесно е дека Давид Силва ќе ја прифати понудата за продолжување на соработката, со оглед дека и понатаму е во најтесните планови на Пеп Гвардиола за првиот состав, иако „граѓаните" го ангажираа и португалскиот интернационалец Бернардо Силва, кој дојде од Монако и речиси идентичен профил на играч.

Поврзани

Најнови вести

Коментари