Нема веќе дилеми дека по завршување на сезоната Серхио Агуеро ќе си замине од Манчестер Сити. Тој е веќе договорен со Барселона.

Сепак Сити е голем клуб, па така официјално е објавено дека клубот ќе му подигне споменик на својот легендарен фудбалер кој на “Етихад“ дојде во 2011 година од Атлетико Мадрид.

На својот официјален Твитер, Сити истакна слика на Агуеро со сите трофеи кој тој ги освои со клубот во изминатата деценија. Направен е мурал со него во еден дел на градот каде што има повеќе фанови на “сити“. На него Агуеро е пресликан од прославата а голот во 2012 година, кога во послендиот меч во сезоната во 94.минута против КПР, постигна гол за шампионскиот пехар, прв по цели 44 години.

Достојно простување со легендата.

Агуеро ќе биде запаметен како најголем фудбалер во историјата на Сити. Одигра 388 меча, а на нив постигна 258 голови, имаше и 73 асистенции. Во сабота има шанса да ја освои и титулата во Лигата на Шампионите, она што му недостасува.

 

sportmedia.mk