Сити не веруваат дека можат да го донесат Меси

epa06579716 FC Barcelona's Lionel Messi reacts during a Spanish Primera Division soccer match between FC Barcelona and Atletico Madrid at Nou Camp stadium in Barcelona, north eastern Spain, 04 March 2018. EPA-EFE/Marta Perez

Иако Манчестер сити има милиони евра достапни за трошење во било кој преоден рок, нивниот спортски директор Феран Соријано признава дека потписот на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не е во нивните планови.

Шпанецот веќе работеше со Меси додека беше потпретседател за финансии на Барселона од 2003 до 2008 година, и сега вели дека 30-годишниот Аргентинец ужива во животот во каталонската престолниан и тоа нема да се смени.

„Нема шанси да се потпише со Меси. Го знам него добро и целото негово семејство и знам дека им е добро во Барселона, каде што треба да биде. Ние ќе мораме да работиме без него, односно по потешкиот пат, бидејќи тој е најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот. Тој смени сè и е вистински гениј“, вели Соријано во интервју за аргентинските медиуми.

Во Барселона, Соријано имаше шанса да се сретне и со Пеп Гвардиола, по што замина во Сити, во проектот на кралското семејство на Абу Даби, кое го направи Сити вистинска сила во европскиот фудбал.

„Гвардиола сака да работи и работи повеќе од другите, па затоа сметаат дека е гениј. Знае дека фудбалот е суров и дека моментот кога ќе се опуштиш, примаш четири гола. Целта во Сити е долгорочно планирање и мораме да ги направиме вистинските одлуки, дури иако тоа понекогаш не им се допаѓа на фановите“, додава Соријано.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари