Тешки обвиненија на Фернандо Алонсo

Сите знаеме кој е највалканиот возач во Формула 1

Шпанскиот пилот во Формула 1, Фернандо Алонсо (Мекларен – Хонда) не се прослави ниту на трката за ГН на Малезија на патеката "Сепанг". Тој мораше да се задоволи со 11. место, додека неговиот тимски колега Стофел Вандурне, заврши на седмото место.

По трката Алонсо беше многу нервозен, а особено му се налути на Кевин Магнусен, кој агресивно се бранеше додека Шпанецот се обиде да го помине.

-Каков идиот! Хулкенберг имаше право, викаше Фернандо во кокпитот, повикувајќи се на изјавите на Нико Хулкенберг, кој го прогласи Данецот највалкан возач во Формула 1.

Откао малку се смири, двократниот шампион во Формула 1, воопшто не го смени мислењето.
-Околку неговото возење сите се сложуваме, 19 спрема еден, вели Алонсо кој попатно му одговори и на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, бидејќи во текот на трката се пожали затоа што не го пропуштил на време кога се борел со Рикардо.

-Не сум ја видел сникмата, но мене во болидот се ми се чинеше во ред. Но, од него многупати сме чуле како вика "сини знамиња, сини знамиња", најверојатно ова беше во тој стил.

Алонсо се уште го нема продолжено договорот со Мекларен, бидејќи тимот за сега не нуди договори на само една сезона каков што сака Шпанецот. Но, договорт би требало да биде потпишан во текот на наредната недела.

Поврзани

Најнови вести

Коментари