logo
logo
logo

Сите се негативни во нашиот табор, и Романците немаат позитивни на Ковид-19, само Радои е во неизвесност!

Vecer | 24.03.2021

Сите се негативни во нашиот табор, и Романците немаат позитивни на Ковид-19, само Радои е во неизвесност!

Добра вест од нашиот репрезентативен табор. Сите членови на експедицијата, која утринава во 10 часот со чартер лета за Букурешт, се негативни на Ковид-19 тестовите. Играчите, струшниот штаб, дел од раководството во добра атмосфера ќе патува за Романија каде утревечер во 20:45 часот го играме првиот меч од квалификациите за СП во Катар 2022.

Инаку како што утринава информираат од страна на Фудбалската федерација на Романија, сите играчи и членови на стручниот штаб на нивната селекција се негативни на Ковид-19 тестовите. Тоа значи дека Романија на утрешниот меч со Македонија ќе може да смета на сиот свој играчки потенцијал.

Проблем и натаму е селекторот Мирел Радои, за кого се уште се чекаат тестовите. Да потсетиме дека тој пред недела дена доби позитивен тест, па така ако сака да ја води својата селекција утревечер ќе мора да добие два негативни теста.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk