ПОЗНАТИ НАЈДОБРИТЕ ВО МАК-БАСКЕТОТ ЗА 2010

Сите почести за Дамјан Стојановски

Кај жените најуспешна во годината што измина беше Славица Димовска од Младинец

Македонската кошаркарска федерација на свеченоста во просториите на хотелот "Александар Палас", во Скопје, на свечен начин ги прогласи најдобрите во годината што измина. Кај мажите сите почести му припаднаа на актуелниот клошаркар на Лукоил Академик (Бугарија), Дамјан Стојановски кој лани со голем успех го носеше дресот на Вардар осигурување и најдобрата селекција на Македонија давајќи го својот придонес за обезбедување виза за учество на годинашново Европско првенство во Литванија. Беше прогласен и за МВП во финалната серија против Фени индустри.

Носители на другите признанија станаа: Перо Антиќ (Лукоил Академик/Спартак СП, најдобар македонски играч во странство), Славица Димовска (Младинец, кошаркарка), Горјан Марковски (Работники/Торус, најдобар млад играч), Анжелика Митрашиновиќ (Младинец, млада кошаркарка), Емил Рајковиќ (Фени индустри, тренер - сениори), Светислав Костовски (Младинец, тренер - сениорки), Зоран Николов (Работнички - тренер млади категории), Перо Стамески (Вигор Скопје, тренер млади категории), Алексансдар Лазаревски (животно дело), Александар Панов (градоначалник на Кавадарци, фер-плеј) и Александар Милоевиќ (судија).

Фото: Ѓ. Личовски

Поврзани

Најнови вести

Коментари