logo
logo
logo

Сите голови му ги посветувам на Господ!

Vecer | 13.06.2021

Сите голови му ги посветувам на Господ!

 

Пооминаа 20 години од првиот наспат на Горан Пандев за Македонија. Две децении во дресот на својата земја со рекорден број на настапи (119) и голови (37).

Постигна Пандев многу голови за репрезентацијата и за клубовите за кои играше. А од неговиот првенец во 2002 година на 21 август против Малта и оној последниот и легендарен против Германија и големата победа иста слика. Тресе мајсторот и веднаш со главата гледа кон небото а двете раце се дигнати нагоре. Кому Пандев му ги посветува головите!?

Оваа мистерија ја открива за СПОРТМЕДИА неколку часа пред новата историја и премиерниот дуел на ЕП.

„Начинот на кој славвам кажува се. Сите голови до сега прво му ги посветувам на Господ, затоа по секој гол гледам нагоре со кренати раце..Верувам дека не само јас туку и репрезентацијата во последниве неколку години ја имаме поддршката од бога. Ќе ни треба и денеска“.

Горан Пандев е најголемото фудбалски име кое го има Македонија. Тој е главниот виновбник поради кој цела Македонија, посебно денеска е на нозе и со погледите кон Букурешт. Пукај мајсторе и денеска па што сака нека биде!

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk