logo
logo
logo

СИТЕ БЕА ВОЗБУДЕНИ ЗАТОА ШТО ФЕДЕРЕР ПОВЕЌЕ НЕ ИГРА, ТАКА ЌЕ БИДЕ И СО МЕСИ! Лекција од селекторот на Аргентина: Исти се!

Vecer | 29.09.2022

СИТЕ БЕА ВОЗБУДЕНИ ЗАТОА ШТО ФЕДЕРЕР ПОВЕЌЕ НЕ ИГРА, ТАКА ЌЕ БИДЕ И СО МЕСИ! Лекција од селекторот на Аргентина: Исти се!

Лионел Скалони знае кого има во тимот и ќе го цени тоа се додека Лео го носи сино-белиот дрес.

Лионел Меси не престанува да доминира во дресот на Аргентина и на претходниот натпревар на оваа селекција постигна два гола иако од клупата влезе по еден час игра. По овој натпревар, во кој “гаучосите“ ја совладаа Јамајка со 3:0, зборуваше и селекторот Лионел Скалони.

Тој го спореди лидерот на репрезентацијата на јужноамериканската селекција со Роџер Федерер, легендарниот швајцарски тенисер чие збогување од натпреварувачкиот тенис го гледавме неодамна на Лејвер купот.

“Тоа се случи со Федерер, штом се пензионира сите беа возбудени затоа што нема да игра повеќе. А колкумина од нас би сакале да го видат повторно да игра тенис? Сето тоа беше фантастично. Истото ќе се случи и со Меси, дури и на многу повисоко ниво бидејќи фудбалот е нешто многу поголемо од тенисот. Затоа, уживајте во него додека можете“, рече Скалони.

Меси одлично ја стартуваше оваа сезона и на осум натпревари во Лига 1 постигна четири гола и седум пати асистираше, секогаш кога ќе стапне на теренот за Аргентина постигнува голови. Видовме и колку им значи на соиграчите во националниот избор кои буквално го тепаа за секој груб прекршок, а видовме и што се подготвени навивачите да направат за да добијат автограм!

Затоа, треба навистина да уживате во Лионел Меси, додека тој се уште танцува на фудбалскиот терен!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk