Сисе ја продолжува кариерата во аматерски клуб

Поранешниот француски репрезентативец, Џибрил Сисе, ќе ја продолжи својата кариера и ќе игра за италијанскиот клуб Виченца 1902.

Овој италијански клуб нема професионален статус.

За време на кариерата, 37-годишниот Сисе играше за Олимпик Марсеј, Лацио, Ливерпул, Оксер, Панатинаикос, Кубан и други.

Минатата сезона, Французинот го носеше дресот на швајцарскиот тим од третата дивизија, Ивердон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари