logo
logo
logo

Симовски: Работиме на самодовербата, сакаме да го минеме баражот

Vecer | 12.04.2021

Симовски: Работиме на самодовербата, сакаме да го минеме баражот

Женската ракометна репрезентација стартуваше со подготовките за мисијата СП во Шпанија. Селекторот, Симе Симовски на располагање ги нема сите ракометарки, дел ќе доцнат, дел пријавиле повреди. Но, ова пак не го намалува мотивот да се приреди изненадување против силната Романија во бараж двомечот за пласман на Мундијалот.

„Се работи за исклучително добра репрезентација, која е во европскиот и светскиот крем. На Романија им ја даваме улогата на фаворит во овој бараж, имаат ракометарки кои настапуваат во евро-куповите, со имиња како Неагу, Пинтеа… Сепак, ние ја имаме Сара Ристовска, таа е во ракометниот крем, иако останатите репрезентативки кои играат во странство не настапуваат во елитата, мора да поработиме и да направиме добра хемија во тимот. Мора да направиме бедем во одбраната како со Исланд, па со тоа да ѝ парираме на Романија. Во нападот ќе ни треба премногу дисциплина. Работиме на самодовербата, сакаме да го минеме баражот. Мора да пружиме добра игра и да видиме до каков резултат ќе стигнеме“, изјави селекторот Симовски.

Првата средба со Романија ја играме во Букурешт на 17. овој месец, реваншот е закажан за четири дена подоцна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk