logo
logo
logo

Симовски: Не летаме високо, не чекаат уште два меча

Vecer | 19.03.2021

Симовски: Не летаме високо, не чекаат уште два меча

Женската ракометна репрезентација со победа го отвори квалификацискиот турнир за пласман во бараж натпреварите за СП Шпанија. Исланд беше совладан со 24-17, нашите девојки доминираа во поглем дел од мечот, тргнаа лошо, но потоа се вратија и покажаа зошто се фаворити на турнирот во Скопје.

Селекторот, Симе Симовски по дуелот беше задоволен, потенцира дека мора да газат цврсто по земја, до крај имаат уште два натпревари.

„Задоволни сме од победата. По година и пол пауза играме натпревар. Треба да одработиме два меча, не летаме високо, ги имаме уште средбите со Литвнаија и Грција. Лошо го отворивме дуелот, дали беше грч, дали желба преголема, имаме простор да го анализираме тоа вечерва да видиме каде грешевме. Потоа договорот беше спроведен на дело. На тој тајмаут се направи пресвртот. Договорот за вториот дел беше да играме во ист ритам, иако имавме неколку грешки на лев и десен бек. Примивме неколку гола и натпреварот беше израмнет. Направиме потоа две измени со Стојковска и Гичевска и тука се случи пресврт и да поведеме со четири гола за мирна завршница“, смета Симовски.

Нашите двојки утре играат против Литванија, додека во недела со Грција.

„Литванија и Грција не ни се познати. Мислам дека дел од младинките што играа пред две години се префрлени во сениорската репрезентација и ќе ги анализираме нивните акции сега на дуелот со Грција. Нив не им дојде најдобрата ракометарка па не би требало да има поголеми проблеми“, заврши селекторот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk