Силекс иако одигра добро во првото пролетно коло против Шкендија, сепак на крајот на свој терен го загуби тој меч со 1:2. Кратовци навистина добро одиграа, посебно во првиот дел, имаа водство, имаа и шанси за 2:0, но ете, немаа среќа. И пак тие прекини беа фатални за составот на стратегот Горан Симов, кој за СПОРТМЕДИА во пресрет на саботниот меч со Работнички во Скопје вели дека оваа недела најмногу се работело на поправање на тој сегмент на играта на неговиот тим.

Штета. Според мене ја имавме Шкендија во раце што се вели. Сепак тоа е минато, не можеме да го вратиме. Знаеме дека и натаму прекините во фаза на одбрана ни се проблематични. Затоа инсистирам на тренинзите оваа недела тоа да го поправиме, да бидеме малку повеќе сериозни во одбраната, секако сконцентрирани. Нас оваа пролет не чека тешка битка за секој гол, за секој бод, мораме да се поправиме под итно, не смееме да примаме лесни голови и тоа од прекин. Знаеме дека не чека тежок меч со Работнички во сабота, освен на Ристов ќе можам да сметам на сите останати играчи“ вели Симов.

sportmedia.mk