logo
logo
logo

Симеоне: Сакав да го донесам Меси во Атлетико, но таа идеја пропадна за три часа!

Vecer | 12.10.2021

Симеоне: Сакав да го донесам Меси во Атлетико, но таа идеја пропадна за три часа!

Тренерот на актуелниот шампион во Ла Лига, Диего Симеоне неодамна изјави дека се уште жали за тоа дека не успеала неговата идеја Лео Меси да дојде во Атлетико Мадрид.

Имено тој откако разбрал дека Меси си од оди од Барселона, веднаш телефонски контактирал со Луис Суарез, инаку добар пријател на Меси од времето кога беа заедно на “Камп Ноу“.

Кога стана јасно дека Меси ја напушта Барса, веднаш го контактирав Луис. Со сета почит кон Меси, но не му се јавив директно. Го прашав Суаерез што мисли тој за оваа идеја Лео да дојде кај нас. Го прашав него дали смета дека има барем теоретска шанса за трансфер во Атлетико. Моите соништа дека Меси ќе игра кај нас траеја само три часа, до разговорот на Суарез со него. Очигледно беше дека ПСЖ беше опседнат со идејата да го донесе Лео, така и се заврши“ истакна Симеоне.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk