logo
logo
logo

Силекс стравува да не му се случи судбината на Маџари од 2005 година!

Vecer | 18.05.2021

Силекс стравува да не му се случи судбината на Маџари од 2005 година!

Кратовци лани настапија во квалификациите во Лигата на Шампионите, а сега се пред две финалиња што се вели. Имено Силекс утре игра во финалето на Купот на Македонија, а во вторник го игра баражот со Тиквеш за опстанок во фудбалската елита. Значи за пет дена кратовци ги играат двете најважни средби во сезоната.

Во иста ваква ситуација се најде тимот на Маџари во тој мај 2005 година и не се прослави. Не само што го загуби финалето од Башкими, туку го загуби баражот за опстанок во ПМФЛ и тоа од Македонија ЃП. Сепак мора да се каже дека и двата меча во најмала рака беа контроверзни, а Маџари не успеа да се снајде во тие моменти.

Тогаш Маџари не само што не го освои Купот, не само што не искочи во Европа туку испадна и од ПМФЛ.

Токму затоа во Силекс стравуваат да не им се повтори истата приказна.

Од друга страна пак кратовци можат да бидат и севкупни победници. Утре да слават во финалето, да го освојат пехарот и да изборат пласман во Европа, а потоа во вторник да го победат Тиквеш во баражот и да останат во елитната лига на Македонија. Кога сме кај баражот да се потсетиме пред две години токму Силекс го победи Тиквеш и тоа во Ѓорче, и на тој начин се избори за останување во елитата.

Затоа сега на потег се момците на тренерот Горан Симов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk