logo
logo
logo

Силекс и Ренова чекаат “кикс“ на А. Пандев за да се спасат од баражот!

Vecer | 14.05.2021

Силекс и Ренова чекаат “кикс“ на А. Пандев за да се спасат од баражот!

Во недела од 16 часот закажани се сите шест средби од последното коло сезонава во ПМФЛ. Неколку дилеми се разрешени, имено Шкендија е првак, а Беласица и Вардар директно испаѓаат. Останува да се разрешат уште две, која екипа ќе заврши како трета и ќе игра во Европа, Македонија ЃП или Струга ТЛ и кои две екипи ќе играат во баражот за опстанок во ПМФЛ.

Да се задржиме на оваа втора непознаница која веќе во недела ќе биде разрешена.

Имено во пресрет на последното коло Академија Пандев сама си ја решава судбината. Се наоѓа на 8.место и има 38 бодови. Девети е Силекс со 36, а десета Ренова со 35 бодови.

Пандевци се среќаваат дома со Борец кој ќе игра за престиж, Силекс игра со Струга ТЛ дома која мора да победи за да заврши како трета, а Ренова игра исто дома со Работнички, кој исто така ќе игра за својата чест.

Па така ако “пандевци“ успеат да го победат Борец тогаш се ќе биде решено, во баражот ќе играат Силекс и Ренова. И во случај на реми “пандевци“ ќе се спасат од баражот, имаат подобар меѓусебен биланс од кратовци, но ако Борец слави среде Струмица, односно ако Академија Пандев киксира, е тогаш најверојатно тогаш четата на Александар Васоски ќе игра во баражот.

Силекс би имал 39 бодови, Ренова исто како и “пандевци“ ќе има 38, но “гипсарите“ имаат подобар меѓусебен скор.

Затоа Академија Пандев во недела не смее да загуби по никоја цена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk