logo
logo
logo

Силекс без тренерот Симов ќе му гостува на Работнички!

Vecer | 07.05.2021

Силекс без тренерот Симов ќе му гостува на Работнички!

Силекс во пресрет на последните две кола во ПМФЛ има 36 бодови и се наоѓа во зоната на оние екипи кои би можеле да играат бараж за опстанок. Во недела кратовци му гостуваат на Работнички, а во последното коло, на 16 мај, тие дома играат со Струга Трим Лум.

Лоша вест за сите во клубот е дека на неделното гостување во Скопје, на Арената “Тодор Проески“, Силекс нема да биде предводен од тренерот Горан Симов кој е под суспензија поради црвениот картон добиен на последниот меч со Борец на свој терен. Исто така кратовци нема да можат да сметаат на гостувањето кај Работнички, и на стоперот Ристе Каракамишев, кој на на дуелот со велешани го заработи петтиот жолт картон со што ќе мора да паузира.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk