„ЕА Спортс“, производителот на популарната видео игра ФИФА, даде своја прогноза кога е во прашање Светското првенство во Катар.

Преку „симулаторот“ во „ФИФА 23“ ги одиграа сите натпревари од групната фаза, но и потенцијалните нокаут и го прогласија „својот“ победник.

Според нив, „Златниот глобус“ ќе и припадне на Аргентина, која прва двапати го освои мундијалот – во 1978 и 1986 година.

Според нив, Аргентина во финалето ќе го победи Бразил со 1:0.