logo
logo
logo

СИ ТЕРА ПО СВОЕ: Роналдо одби да тренира со резервниот тим на Португалија

Vecer | 07.12.2022

СИ ТЕРА ПО СВОЕ: Роналдо одби да тренира со резервниот тим на Португалија

Кристијано Роналдо продолжува да прави проблеми, без разлика дали се работи за клубот или за репрезентацијата.

Ден по големата победа над Швајцарија од 6:1  самиот одлучи да го пропушти тренингот на кој тренираа играчите кои не беа во стартниот состав за мечот со Швајцарците.

Наместо тоа, Роналдо отиде сам на вежбање во теретана со сите останати првотимци.

Инаку, Роналдо играше само во последните 15 минути од мечот против Швајцарија.

Неговиот гол беше поништен поради офсајд, а тој беше видно исфрустриран од некои потези на соиграчите иако имаа убедлива предност.

Работата да биде уште полоша, додека со навивачите славеа голема победа и премин во четвртфиналето, самиот Роналдо пред сите си отиде во соблекувалната.

Ова го направи неколку пати оваа сезона во дресот на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

„Марка“ тврди и дека португалските репрезентативци биле шокирани кога виделе дека Роналдо го игнорирал планот за тренирање на тренерот.

Се уште не се знае како реагирал на тоа Фернандо Сантош, но ќе биде дека и покрај неговиот демант, сепак нешто не чини во неговите односи со Роналдо.

Фото: принтскрин спортски.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk