Освојувачот на германскиот Куп, Борусија Дортмунд го потпиша швајцарскиот голман Грегор Кобел кој дојде од редовите на Штутгарт за 15 милиони евра. 23-годишниот чувар на мрежата, поранешен швајцарски младински репрезентативец, стави потпис со „милионерите“ до 2026 година.

Кобел е дете на Грасхоперс, а од таму продолжува во младинските категории на Хофенхајм, а во 2016 година е прекомандуван во првиот тим на оваа екипа. Беше позајмуван во Аугзбург и Штутгарт, а во 2020 потпиша перманентен договор со Штутгарт.

Засега Кобел нема ниту еден настап за сениорите на Швајцарија, но затоа има играно за младите селекции од У17 па до У21.

sportmedia.mk