Жарко Пешевски и Штутгарт дојдоа до големи бодови во Бундеслигата, на домашен терен го совладаа Рајн Некар со убедливи 32-28 (15-11).

Ова беше меч во кој тимот на македонскиот репрезентативец доминираше во текот на целиот меч. Рајн Некар не поведе ниту еднаш, Штутгарт со серија од 4-0 пред првото полувреме водеше со 15-11. По одморот имаше и позитива од 19-12.

Рајн Некар не успеа да се врати, домашните ракометари заслужено се радуваа на сензационална победа.

Пешевски мечот го заврши со пет гола од шест обиди и беше меѓу лидерите кај својот тим.

sportmedia.mk