logo
logo
logo

Што ТРАЕШЕ ПОДОЛГО од Суперлигата

Vecer | 22.04.2021

Што ТРАЕШЕ ПОДОЛГО од Суперлигата

Бидејќи плановите за новата фудбалска Суперлига се пропаднаа за два дена, еве што траеше подолго.

За време на најголемата драма во поновата спортска историја, бевме сведоци како проектот се најавува, дискутира, добива негативни реакции и конечно ... се откажува. Сето ова за два дена.

Па, што  траеше подолго од Европската Супер лига?

Првиот брак на Бритни Спирс  

Не треба да бидеме изненадени од фактот дека бракот траеше подолго од лигата што никогаш не постоеше. Но, станува збор за првиот брак на Бритни Спирс во 2004 година, кога се омажи за Џејсон Александар. Траеше 55 часа, пред да биде поништен.

,

Драмата во Суецкиот канал

Се сеќавате на минатиот месец кога се зборуваше само за тој огромен брод што заглави во Суецкиот канал и целосно ги наруши трговските патишта во светот? Бродот беше заглавен шест дена - четири дена подолго отколку идејата за европската Супер лига.

Млеко во вашиот фрижидер

Можеби правевте кафе додека ги следевте вестите за на новата фудбалска лига. Ако пиете кафе со млеко, и сте отвориле ново млеко пред да биде објавена идејата. Млекото се препорачува дека трае три дена, што е еден ден повеќе од Суперлигата.

Претседателството на Вилијам Хенри Харисон, запаметен само по тоа што беше претседател на САД. Инаугуриран на 4 март 1841 година, тој добил симптоми налик на настинка на 26 март. Наместо да легне во кревет, како што советувал неговиот лекар, тој таа вечер организирал забава за неговите пријатели во Армијата. За два дена доби пневмонија и почина. Мандатот му траеше 31 ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk