Се чини дека нема ноќ во НБА плеј-офот во која нема инцидент со навивачите. Откако почна масовното враќање на гледачите во НБА арените, почнаа неочекувани проблеми.

Синоќа во арената во Вашингтон на четвртата пресметка меѓу Визардс и Филаделфија, се случи нов прекин на мечот, поради тоа што во третата четвртина еден навивач влета на теренот, но брзо беше совладан од обезбедувањето, пред да направи поголема штета.

Навивачот беше експресно уапсен, а Визардс веќе објавија забрана за повторно влегување на нивните натпревари, мерка која ја слушаме секојдневно од НБА клубовите.


sportmedia.mk