logo
logo
logo

Што се случува со Килијан Мбапе?

Vecer | 06.12.2022

Што се случува со Килијан Мбапе?

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го пропушти тренингот на својот тим во вторникот, пренесува „Л’Екип“.

Од таборот на „триколорите“ истакнуваат дека нивниот најдобар играч „во затворен простор се опоравувал од мечот со Полска“, односно дека работел во сала за опоравување и дека тоа е класична ситуација два дена по последниот меч.

Сепак, медиумите од островот, кои посветија големо внимание на овој детаљ, не мислат така. Токму против Англија игра Франција во четврт-финалето на Мундијалот, а сигурно е дека нивниот противник се надева дека Мбапе нема да биде на тој меч.

Во прилог на тоа оди и фактот што на тренингот беа сите актери на мечот со Полска, освен напаѓачот на Пари Сен Жермен. Француските фудбалери во понеделникот имаа слободен ден.

Актуелниот светски првак Франција во сабота од 20 часот ќе игра против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Мбапе се пожали на повреда на зглобот непосредно пред Мундијалот, но се чини дека тоа досега не му направи премногу проблем. Мбапе на четири натпревари во Катар веќе постигна пет гола, а има и две асистенции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk