logo
logo
logo

Штета, голема штета: Работнички се врати од „мртвите“, но Борац победи

Vecer | 23.03.2021

Штета, голема штета: Работнички се врати од „мртвите“, но Борац победи

Штета, голема штета. Работнички не успеа да дојде до нова победа во АБА 2-лига и покрај тоа што успеа да се врати од негатива од 20 поени. На првиот меч на турнирот во Златибор, македонскиот тим беше совладан од фаворитот Борац Бања Лука со 77-82. Со овој пораз, Работнички направи чекор назад во битката за опстанок.

Во првата четвртина „црвено-белите“ имаа водство, најголемото беше плус четири (7-3). На другата страна противникот успеа да го заврши овој период во своја корист (17-20).

Избраниците на Димитар Мираковски беа рамноправен противник до 14. минута, по која противникот со 10-0 поведе со 28-38. На полувремето Работнички имаше негатива од 32-46. Не смени што ниту во следниот период, Борац во решавачките десет минути влезе во предност од 50-70.

Не ги исплаши оваа негатива, со неверојатна серија од 18-0 намалија на 68-70, а со поените на Бундовиќ поведоа со 77-76 на 50 секунди до крајот за драма. Работнички не искористи нападот по тројката на противникот за 77-79. На другата страна следеше казна, а немаше ниту време за евентуално продолжение.

Работнички следниот меч го игра во среда против Хелиос.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk