logo
logo
logo

Шпанскиот тенисер пати од опсесивно компулсивно растројство (Видео)

Vecer | 09.02.2021

Шпанскиот тенисер пати од опсесивно компулсивно растројство (Видео)

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Рафаел Надал има необични ритуали за време на мечот, кои буквално ги вадат од кожа неговите противници. Пред сервирањето си ја мазни косата, потоа се фаќа за задникот и ги вади пикнатите шорцеви и на крај се фаќа за носот и си ја мириса раката. И тоа не е се, зашто секогаш на теренот влегува со десна нога, користениот пешкир го става од десна страна, а пак шишенцата за освежување мора да бидат совршено поредени.

Новинарите открија дека Шпанцот пати од опсесивно компулсивно растројство - болест во кој заболените се раководат според одредени ритуални и сопствени правила.

Во една прилика со него се пошегува Новак Ѓоковиќ, кој очигледно добро му ги совладал ритуалите:

https://youtu.be/bpq8-mxHuE8

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk