logo
logo
logo

Шпански експерт тврди: Голот на Бензема требаше да биде поништен (ВИДЕО)

Vecer | 28.04.2021

Шпански експерт тврди: Голот на Бензема требаше да биде поништен (ВИДЕО)

Голот што го постигна Бензема синоќа за израмнување на 1:1 на дуелот со челзи, според тврдењата на шпанскиот стручњак за судење, Хуан Андухар Оливер, требаше да биде поништен поради прекршокот што наводно му претходел.

Андухар за „Радио Марка“ го коментираше овој контроверзен детал и даде свое видување за ситуацијата.

„Каземиро направи фаул над Азпиликуета пред Едер Милитао да ја испрати топката до Бензема“, вели Андухар.

Сепак, судијата на овој дуел, Дани Макиеле од Холандија, сметаше дека нема ништо спорно, а не реагираше ниту ВАР.

Реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Челзи и Реал Мадрид ќе се одигра во Лондон на 5 мај.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk