logo
logo
logo

Шпанија по голема драма ја урна Русија, Сорока промаши за бод

Vecer | 21.01.2022

Шпанија по голема драма ја урна Русија, Сорока промаши за бод

Русија брзо се рехабилитираше по поразот од Шведска, вчера на отварањето на главната рунда на Европското првенство. Одигра феноменален натпревар против актуелниот првак, за жал не успеа да ја сочува предноста од четири гола, на крајот беше совладана со 24-25 (11-12). Сорока беше трагичар, во финишот по прегледот на снимката од страна на судиите им беше доделен пенал, тој го промапи.

На другата страна „фуријата“ се најде на чекор до полуфиналето, освои нови важни бодови.

Голманот Киреев беше лидер во редовите на „зборнајата“, им правеше голем проблем на Шпанците, токму благодарение на него самодовербата беше на високо ниво.

Првото полувреме беше најава дека ова ќе биде интересен меч, водството се менуваше, два гола разлика беше најголемата позитива која двата тима ја имаа. На одморот беше 11-12 за Шпанија.

Русија со серија од два гола, дело на Санталов поведе со 18-15 во 39. минута. Иако Коралес беше добар на голот, Шпанија мораше да промени нешто, па застана Перез де Варгас. Санталов влезе во форма, се надполни Каменев, па Русија за првпат дојде на плус четири, 22-18 беше на средина на вториот дел.

Шпанија се разбуди, набрзина за само две минути дојде на минус еден (22-21), Македа, Гомез и Фернандез ги казнија руските ракометари, кои изгубија две топки. Европскиот првак го забрза темпото, излезе високо во одбраната, Фернандез со четвртиот погодок израмни на 23-23, пропушти да го врати водството.

Дуелот влезе во израмнета битка, се играше гол за гол, се чекаше кикс на една од двете репрезентации. Де Варгас ја запиша втората важна одбрана, Шпанија го врати водството на повеќе од пет минути до крајот (24-25).

Две одбрани на Де Врагас, две грешки на Русија, два не искористени напади на Шпанија при 25-26. На „зборнајата“ и остнаа осум секунди за бод. Очекувано, без голман со два пивоти го нападна голот на противникот, Шишкарев не реализираше од тешка позиција, по прегледување на снимката, судиите им доделија седмерец на Русите.

Сорока ја погоди стативата за голема радост во редовите на актуелниот првак.

Санаталов со шест гола беше прв стрелец кај Русија, на другата страна Касадо запиша седум погодоци. Киреев запиша 14 одбрани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk