По првите два натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година, Шпанија остана непоразена во групата Г, во која се наоѓа и Македонија.

Актуелниот бранител на светската круна по триумфот во Скопје, на домашен терен ја совлада Грузија и тоа со убедливи 89-61.

Шпанците мечот го решија за 13. минути. Грузија беше рамноправен противник само на стартот.

Домаќинот веќе на почетокот на вториот период имаше водство од 30-15, по 47-31 на одморот беше јасно дека овој дуел ќе заврши во корист на Шпанците.

Актуелниот бранител на светската титула останува лидер со четири бода, следуваат Грузија и Украина, Македонија е единствена без победа во ноемврискиот циклус.

По поразот од Украина, шансата за победа нашите кошаркари ќе ја бараат во февруари против Грузија со која ќе одиграат два меча. За влез во трката за третото место ќе мора да победат, во спротивно мундујалскиот сон ќе заврши брзо.

sportmedia.mk