Од Шпанија стигна катастрофална вест.

Натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Ферол беше прекинат во 11. минута откако српскиот фудбалер Драгиша Гудељ падна на теренот и остана да лежи во несвест.

Да потсетиме, Драгиша е брат на српскиот искусен репрезентативец Немања.

Медицинската служба веднаш реагирала, а по укажаната прва помош Драгиша бил пренесен во локалната болница.

Шпанските медиуми јавуваат дека глетката била многу вознемирувачка, а фановите со солзи во очите ја гледале страшната ситуација.