logo
logo
logo

Шпанците убедливо ја почнаа одбраната на титулата на ЕП за младинци (ВИДЕО)

Vecer | 24.03.2021

Шпанците убедливо ја почнаа одбраната на титулата на ЕП за младинци (ВИДЕО)

Бранителот на трофејот од последното Европско првенство за млади фудбалери до 21 година, селекцијата на Шпанија, почна со убедлива победа на стартот на ЕП за младинци кое денеска стартуваше во Словенија и Унгарија. Во дуел со еден од домаќините на  турнирот, Словенија, младите надежи на „црвената фурија“ славеа со убедливи 3:0 и најавија дека и оваа година се најсериозен кандидат за европската круна.

По нерешените 0:0 на полувремето, Шпанците во вториот дел ја торпедираа Словенија со головите на Пуадо (53’), Виљар (54’) и Миранда (89’).

Во вториот меч одигран денеска во Словенија, селекциите на Чешка и Италија одиграа 1:1. Италијанците поведоа со голот на Скамака во 31. минута, но Маџоре постигна автогол во 75. минута и им подари бод на Чесите.

 

ЕП (У21) – ГРУПА Б

Словенија – Шпанија 0:3

Чешка – Италија 1:1


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk