logo
logo
logo

Шоуто почнува! Попов и Артем Милевски „се грабнаа„ во Букурешт (ВИДЕО)

Vecer | 17.06.2021

Шоуто почнува! Попов и Артем Милевски „се грабнаа„ во Букурешт (ВИДЕО)

Горан Попов две години играше во Динамо Киев кога во таа екипа играше Андтиј Шевченко но и Артем Милевски. Токму Попов и Милевски утрово го отворија шоуто во стариот град на Букурешт каде се собира „фалангата“ но и навивачите од Украина. Ќе биде весело и жешко до стартот на дуелот од 15 часот.

Артем Милевски се појави со камери и новинари во локалот каде седеше Попов. Двајцата слино карактери, бунтовни и подготвени за пиво и забава. Милевски го „нападна“ Попов затоа што тој на „забавата“ е со дрес на Пандев.

Камерите сликаа,т а во позадина повеќе наши отколку фанови од Украина.

„Артем е мој брат! Имаме многу добри денови на дружење и забава од времето кога игравме во Динамо Киев. Останавме во контакт и еве сега имаме добар повод за забава. Тој на едната јас на другата страна. Јас со сето срце за Македонија а Артем за Украина. Со пиво, музика ние сега победуваме. Така ќе биде и на терен“, вели Горан Попов за СПОРТМЕДИА.

Горан Попов во минатото одигра 46 средби за Македонија и постигна два гола. Артем Милевски има 50 настапи за Украина со 8 голови.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2mybUYMI3qo[/embed]

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk