logo
logo
logo

Шокантно: За малку киднапирана цела репрезентација во пресрет на квалификациски меч за СП! (ВИДЕО)

Vecer | 23.03.2021

Шокантно: За малку киднапирана цела репрезентација во пресрет на квалификациски меч за СП! (ВИДЕО)

Репрезентација на Белизе малку недостигаше да биде буквално киднапирана на Хаити, во пресрет на квалификацискиот меч за СП во Катар 2022. Имено гостите патувале со автобус кон хотелот каде ги запреле неколку лица со вперени автоматски пушки. Веднаш потоа околу автобусот дошле повеќе лица на моторцикли. Киднаперите му наредиле на шоферот да го отвори прозорот и веднаш почнале да прават муабет со него, веројатно да му кажат што следува.

Кога за малку следувала трагедија, за голема среќа тука се нашла и полицијата која ги растерала киднаперите.

Шокирани и згрозени сме од она што ни се случи на Хаити. Ги контактиравме ФИФА и КОНКАКАФ, јасно е дека сите наши играчи се потресени од тоа што се случи, но сите тие сега се добро, притоа покажаа голема храброст“ се вели во соопштението од страна на репрезентацијата на Белизе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk