logo
logo
logo

ШОКАНТЕН СТАТУС НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ЃОРЃИЕВ: Овој златен медал ми е НАЈОМРАЗЕН

Vecer | 26.10.2021

ШОКАНТЕН СТАТУС НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ЃОРЃИЕВ: Овој златен медал ми е НАЈОМРАЗЕН

Четирикратниот светски шампион во кик-бокс Димитар Ѓорѓиев со изненадувачки статус во кој вели дека последниот златен медал му е најомразениот досега реши да ѝ се обрати на македонската јавност.

Ѓорѓиев на Светското првенство во Италија по четврти пат стана шампион на светот, но брзо потоа преку социјалните мрежи порача дека ги откажува сите приеми и интервјуа.

Како што вели, на Светското првенство учествувал бидејќи го сака спортот, но дека не сака да биде дел од поделеноста во Македонија.

- Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред сѐ од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена.

За жал, морам да ви соопштам дека за мене ова е најомразениот златен медал што сум го освоил до сега. Исто така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт, ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино.

Сите мои гостувања и планирани интервјуа ќе бидат откажани, а досегашните ќе ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејки сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата којашто е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа! објави Ѓорѓиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk