logo
logo
logo

Шок во Наполи: Осимен ја загуби маската, а и се повреди!

Vecer | 31.03.2023

Шок во Наполи: Осимен ја загуби маската, а и се повреди!

Речиси Наполи по 33 години е шампион, а има и голема шанса да ја освои и титулата во Лигата на Шампионите, ова е сезона како од бајките за клубот под Везув. Фановите, но и нашиот Елмас, Кварадона и останатите играчи на Наполи се подготвуваат за големо славје.

Сепак, деновиве владее шок во Неапол.Имено Виктор Осимен, најдобриот фудбалер и стрелец на тимот сезонава, во својата татковина Нигерија, за време на репрезентативните настапи останал без својата амајлија. Тој ја загубил маската која ја носеше две години, прво како последица на повредата а потоа и како заштитетен знак што му даваше сила да игра како што игра, барем тој така сметаше.

Осимен остана без свиојата амајлија и тоа во најважниот дел од сезоната, и веднаш се повреди. Повеќе од сигурно е дека нема да игра на дербито под Везув викендов против Милан, а потоа и против Лече, но по секоја цена се настојува тој да заздрави за 12 април и првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ и тоа со Милан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk