logo
logo
logo

ШОК! МАЈК ТАЈСОН во инвалидска количка!

Vecer | 20.09.2022

ШОК! МАЈК ТАЈСОН во инвалидска количка!

Познатиот Мајк Тајсон неодамна ги загрижи сите свои обожаватели, кога објави фотографија во инвалидска количка. Имено, тој открил дека боледува од ишијас, па морал да станува од инвалидската количка со помош на бастун и покрај тоа што пред две години повторно беше во рингот каде изгледаше одлично.

- Одвреме-навреме имам ишијас. Се вклучува, а кога ќе се вклучи, не можам ни да зборувам. Фала му на Бога тоа е единствениот здравствен проблем што го имам. Сега се чувствувам одлично. Сите во мојата куќа се благословени и благодарни за сè што имаме.

<div

Ишијасот е збир на симптоми предизвикани од компресија на еден од петте корени на 'рбетниот нерв што заедно го сочинуваат ишијалниот нерв. Болката се јавува ненадејно, во долниот дел на грбот, глутеусот, по должината на едната нога и е придружена со печкање. Може да се поврзе и со одредени ненадејни движења, кревање тегови, долго седење, физичка неактивност, генетика... Кога во 2005 година се повлече од боксот поради проблеми со грбот, јасно беше дека Тајсон има посериозни здравствени проблеми. Сепак, тоа е далеку од темните мисли што тој неодамна ги сподели на подкаст.

 

- Секако, сите ќе умреме еден ден. Кога ќе се погледнам во огледало, ги гледам тие мали траги на моето лице. Си велам „Леле“, значи ми се ближи рокот на употреба. Многу се ближи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk