logo
logo
logo

ШОК БОМБА! МЕСИ ЗАМИНУВА ОД БАРСЕЛОНА! Потврди и клубот

Vecer | 05.08.2021

ШОК БОМБА! МЕСИ ЗАМИНУВА ОД БАРСЕЛОНА! Потврди и клубот

Иако се чинеше дека потпишувањето на новиот договор е само формалност, Лионел Меси повеќе нема да игра за Барселона!

Бомбата прво ја објави шпанскиот реномиран весник „Марка“, кој на својата насловна страница објави дека договорот меѓу Меси и Барса е речиси невозможен, а набргу потоа и самиот клуб излезе со соопштение и рече дека соработката нема да се продолжи.

До неодамна, Меси се одмараше на јахта со поранешните соиграчи Луис Суарез и Цеск Фабрегас, а потоа пристигна во Барселона во текот на денот во четвртокот, каде што неговите претставници беа на иста маса со управата на Барса, сепак не се договорија.

Договорот на Аргентинецот истече летово, се споменуваше дека ќе игра уште две години, потоа ќе замине во Интер од Мајами, а потоа ќе се пензионира на Ноу Камп како амбасадор на клубот. Сепак, ова дефинитивно заврши една фудбалска ера.

Каде Меси ќе ја продолжи кариерата сега е под знак прашалник - но ПСЖ има најголеми шанси да го доведе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk