logo
logo
logo

Шлаканица за Португалецот: Стоперот на Милан му го урна рекордот на Роналдо!

Vecer | 12.05.2021

Шлаканица за Португалецот: Стоперот на Милан му го урна рекордот на Роналдо!

Навистина не му оди оваа пролет на Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 15 години, ако не и најдобар. Португалецот сеуште држи неколку рекорди, но еден му е урнат, и тоа од страна на стоперот на Милан, Фикајо Томори. Имено сега фудбалерот на Челзи, кој игра како позајмен во Милан, е новиот рекордер во Серија А. Тој при голот со глава што го постигна против Јуве, значи токму против Роналдо, успеал со врвот на својата глава да скокне 263 см, седум повеќе од Роналдо кој на мечот со Сампдорија од минатата сезона, го постави рекордот.

По дуелот со Милан, по кој Роналдо претрпе големи критики, па и од соиграчите, се чини дека и дефинитивно е јасно дека Португалецот ова лето ќе се оди од Торино.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk