logo
logo
logo

Шкупи надмоќно, а Вардар тоне ли тоне.... (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Vecer | 14.03.2021

Шкупи надмоќно, а Вардар тоне ли тоне.... (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Некогаш беше големо дерби во кое обично и по традицијата Вардар си победуваше. Сепак работите се сменија, сега Шкупи си го победува рутинирано градскиот ривал и без многу мака си ги освојува трите бода. Чаирчани не одиграа којзнае колку спектакуларно, но тоа беше доволно за сигурен триумф против момците на стратегот Џиџи Илиевски.

А вардар тоне ли тоне. Ако вака продолжи тешко дека ќе се спаси од најолошото. Имено сега на 10 кола до крајот Вардар се наоѓа на 8.место со само три бода повеќе од претпоследната Ренова.

Јасно е дека пекол го чека нашиот најтрофеен клуб во битката за опстанокот. Дечките и стручниот штаб даваат се од себе, но толку се силите, толку се можностите.

А погледнете го распоред на Вардар во наредните кола. Прво игра дома со Шкендија, потоа гостува кај Пелистер, па пак гостува но кај Силекс, следува дуел со Ренова дома…каде ли ќе освои бодови составот на Илиевски?

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk