logo
logo
logo

Шкупи го претстави играчот за кого плати 100.000 евра, Бангура веќе го одработи првиот тренинг!

Vecer | 18.02.2021

Шкупи го претстави играчот за кого плати 100.000 евра, Бангура веќе го одработи првиот тренинг!

Од вчера Мамадуба Бангура од Гвинеја и официјално се приклучи на Шкупи, она што СПОРТМЕДИА ексклузивно го најави пред неколку денови, од вчера е и официјално. Тоа е играчот за кого чаирчани платија 100.000 евра, нешто неверојатно за наши услови. Бангура во Шкупи дојде од тимот на Калум Стар, и за него имаше голем интерес од разни европски клубови, но понудата на Шкупи беше многу конкретна и успеа да го добиеме неговиот потпис.

Мамадуба е редовен член на репрезентацијата на Гвинеја, за која минатата година забележа шест настапи, каде постигна и погодок.

Вчера за прв пат Бангура им се придружи на останатите играчи, покажувајќи чувство дека е дел од бело-синиот тим.

Пред да потпишам за Шкупи, кажано ми е дека тоа со многу историја во земјата и дека има освоено титули и купови, како и тим кој често игра во Лига Европа.Тоа за мене беше доволно за да бидам дела од овој тим.

Секако дека мојата прва цел е Шкупи да биде шампион, да бидам искрен немам многу информации за навивачите, но нека знаат дека дојдов да играм тука и да постигнувам голови.

Се чувствував многу добро по првиот тренинг со тимот, бев среќен што видов многу млади играчи и ова ме натера да се чувствувам уште подобро бидејќи ќе имаме многу сериозен тим“ рече Бангура.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk