logo
logo
logo

Шкринијар: Да, потпишав за ПСЖ, сега чекам клубовите да се договорат

Vecer | 29.01.2023

Шкринијар: Да, потпишав за ПСЖ, сега чекам клубовите да се договорат

Словачкиот одбранбен фудбалер Милан Шкринијар потврди дека се договорил со Пари Сен Жермен за трансфер од Интер на „Паркот на принцовите“, меѓутоа се уште ништо не е готово затоа што останува уште клубовите да се договорат околу висината на отштетата.

Да, точно е. Потпишав за ПСЖ. Меѓутоа останува клубовите да се договорат“, изјавил Шкринијар во интервју за „ Futbolsfz“.

Инаку одамна се зборува за трансфер на Словакот во ПСЖ. Парижаните сакаа да го земат уште сега, но Интер не отстапи од бараните 20 милиони евра. Па доколку не дојде до поместување, тогаш словачкиот репрезентативец ќе дојде во Париз како слободен фудбалер во јуни.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk