logo
logo
logo

Шкендија во еден сегмент е најдобар клуб во историјата на самостојна Македонија!

Vecer | 02.03.2021

Шкендија во еден сегмент е најдобар клуб во историјата на самостојна Македонија!

Во неделата, по дуелот меѓу Шкендија – Вардар (2:1) и дефинитивно падна митот дека скопските “црвено – црни“, и покрај актуелните проболеми, се најдобриот клуб во самостојна Македонија во сите сегменти. Да, уште важи тоа дека вардарци имаат најмногу првенствени и куп титули, но кога станува збор за меѓусебните дуели со останатите клубови во историјата на ПМФЛ, е тука паднаа на второто место.

Во овој сегмент Шкендија е прва, и таа е единствената екипа во Македонија која во меѓусебните дуели со Вардар, тука ги сметаме само офицојалните, има подобар скор. Секако тука помогна и фактот дека Вардар цели 3,5 години или 14 меча во серија на знае што е победа над тетовските „црвено – црни“.

Инаку Шкендија и Вардар досега имаат одиграно 62 меча, тетовци имаат 24 победи, 15 пати бил нерешено а Вардар остана на тие 23 победи од октомври 2017 година.

И не само против Вардар, Шкендија има позитивен биланс против сите наши други клубови. На пример со Работнички има скор од 30-12-18 (победи-ремија-порази), против Ренова има 25-12-10, со Силекс (31-9-9), со Пелистер (19-14-12), против Македонија ЃП се сметаат само мечевите од последната деценија зошто само во овој период имаме достапни информации (13-6-0). Познато е дека “лавовите“ ја имаат победено Шкендија во едно незаборавно куп финале, значи имаат фактички барем една победа, но немаат никако подобар скор.

И против Шкупи тетовци имаат подобар скор (13-6-3). За останатите клубови да не говориме.

Значи Шкендија е најдобриот клуб во самостојна Македонија во овој сегмент, ниту еден наш клуб нема подобар скор во меѓусебните дуели со тетовци.

Вардар е втор, има послаб скор само против Шкендија, против сите останати има подобар. Тука некаде е Работнички кој има полош скор само против Шкендија, Вардар и А. Пандев.

Инаку овие бројки Шкендија ги “набилда“ од 2013 година па до сега кога во клубот “влезе“ Еколог како спонзор. Вложени се големи пари во овој период, а клубот за овие 8 сезони тука ја сметаме и оваа, досега освои по две титули во првенството и две во купот, и трипати играше во плеј – офот во Лигата на Европа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk