logo
logo
logo

Шкендија се намачи со Вардар, „пандевци“ се одбранија од Шкупи, без голови во Ѓорче (ВИДЕО)

Vecer | 28.02.2021

Шкендија се намачи со Вардар, „пандевци“ се одбранија од Шкупи, без голови во Ѓорче (ВИДЕО)

Шкендија потешко од очекувањата, го совлада Вардар со минимални 2:1. Можеби сите очекуваа убедлив триумф, со оглед дека тетовци се големи фаворити, а Вардарци и натаму се соочува со проблеми, но „децата“ на Вардар одлично се покажаа на овој меч. Дури во одредени моменти и го надигруваа тимот на Шкендија, кој, сепак, очекувано имаше повеќе посед и повеќе шанси.

Во 16. минута после една грешка и убава акција, Мурати во завршница за 1:0. Вардар тргна од центарот, од средината топка до Блажевски, овој до Мирчевски, кој од прва стрела во мрежата на Захов.

Алими е спасителот на Шкендија кој од слободен удар во вториот дел го совлада Илиќ и донесе победа на Шкендија, која има голема „тежина“ со оглед на тоа дека Шкупи и Македонија ЃП не победија денеска.

Шкупи не успеа да го совлада составот на Академија Пандев. Шкупи во вториот дел имаше две добри шанси, но  не успеа да го „отвори“ противникот, и да стигне до голема победа со која ќе останеше во трка со Шкендија, односно ќе ја задржеше предноста.

Не успеа да победи ниту Македонија ЃП која важеше за голем фаворит против Борец. И во Ѓорче Петров мрежите мируваа, иако ѓорчепетровци имаа неколку добри шанси, но не успеаја да го најдат патот до мрежата.

Струга Трим Лум очекувано дојде до триумфот над Беласица. Алтипармаковски и Лена од пенал донесоа 0:2, а Беласица само намали  од пенал.

Пелистер со 3:1 го совлада составот на Ренова. Гудиаби во 9. Минута донесе водство за битолчани, а Ренова веднаш врати преку Алити. Сепак, Маневски во финишот од првиот дел од пенал донесе ново водство. Во вториот дел Размоски по една соло акција донесе победа од 3:1. „Гипсарите“ не тргнаа најдобро пролетва, имаат два порази од исто толку меча, а Пелистер освои златни три бода во битката за опстанокот.

ПМФЛ 20 КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2:1

Мурати 16’, Алими 62’ – Мирчевски 17’

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА 3:1

Гудиаби 9’, Маневски (п) 44’, Размоски 55’ – Алити 23’

БЕЛАСИЦА – СТРУГА Т.Л. 1:2

Каланоски 83’ (п) – Алтипармаковски 26’, Лена 60’ (п)

ШКУПИ – АК.ПАНДЕВ 0:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ 0:0

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:1 (вчера)

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk