logo
logo
logo

Шкендија, Брегалница и Скопје викендов ги добиваат пехарите!

Vecer | 11.05.2021

Шкендија, Брегалница и Скопје викендов ги добиваат пехарите!

Како што дознаваме, Фудбалската федерација на Македонија викендов ќе им ги предаде пехарите на прваците во ПМФЛ, и во двете втори лиги. А тие се екипите на Шкендија, Брегалница и Скопје.

Шкендија, која по четврти пат стана шампион на Македонија, пехарот ќе го добие пред мечот со Шкупи, кој е закажан за во недела од 16 часот на стадионот во Тетово.

Брегалница како првак во ВМФЛ – ИСТОК, пехарот ќе го добие во сабота на мечот пред или после мечот со Тиквеш, а Скопје исто во сабота пред натпреварот со Велешта како победник во ВМФЛ – ЗАПАД..

Да потсетиме, Брегалница и Скопје во следната сезона ќе играат во ПМФЛ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk