logo
logo
logo

Шкендија без Бесарт, Елези и тренерот Ѓока по “заверка“ на титулата во Струмица!

Vecer | 18.04.2021

Шкендија без Бесарт, Елези и тренерот Ѓока по “заверка“ на титулата во Струмица!

Шкендија според некои математики и денеска, на пет кола до крајот, може да стави “печат“ на новата, четврта титула во ПМФЛ. Тетовци треба да слават на гости кај Беласица, додека Шкупи да загуби во Велес. И тоа ќе биде тоа од битката за титулата сезонава во ПМФЛ.

Сепак нема да му биде така лесно на лидерот кај Беласица. Посебно не ако се знае дека Шкендија денеска ќе мора во Струмица да настапи без својот прв бомбардер и најдобар играч Бесарт Ибраими, потоа без мега – талентот Дашмир Елези и што е најважно, без тренерот Ернест Ѓока.

Сите тие на последниот дуел против Академија Пандев добија жолти картони, и на сите нив тој им беше петти, па затоа денешниот меч ќе мора да го прескокнат. Добра вест за тетовци е што се враќа Мевљан Мурати кој го “прескокна“ мечот со “пандевци“ кој Шкендија го доби со 1:0.

Да кажеме и тоа дека Шкендија е во серија од пет победи по ред.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk