logo
logo
logo

Шишковски: Секој натпревар е различен, но нашата цел на секој меч е иста

Vecer | 10.06.2021

Шишковски: Секој натпревар е различен, но нашата цел на секој меч е иста

Голманот Дамјан Шишковски, ги искажа своите очеквуања од дуелот со Австрија во недела, како прв натпревар на Европското првенство. Шишковски ќе чека шанса од клупата, со оглед дека Димитриевски ќе добие предност.

Шишковски вели дека очекува добар резултат, а тоа е победа.

„Одработивме добри подготовки, остануваат уште два дена. Атмосферата е одлична во тимот. Одигравме два пати со Австрија, првиот меч го загубивме 1:4, но од тој меч научивме доста, и во недела мислам дека ќе бидеме мотивирани и ќе дадеме максимум, и се надевам ќе биде доволно да извлечеме поволен резултат. Секој меч е различен, во недела почнуваме од нула. Се надевам дека ќе го имаме најсреќниот ден од репрезентацијата. Треба да докажеме дека сме подобри од нив. За секој натпревар ние исто се подготвуваме, дали играме со Естонија квалификации, дали со Лихтенштајн или со Австрија и нашата цел секогаш е иста. Треба да се обидеме да одбраниме што повеќе топки ние голманите. Нашиот фокус е да спречиме што повеќе топки кон нашиот гол“, вели Шишковски. 

Голманот смета дека одлучувачко ќе биде кој прв ќе направи грешка, и се надева дека тоа ќе биде Австрија.

„Одлучувачко ќе биде мислам еден момент, мислам кој прв ќе погреши. Јас посакувам Австрија да биде таа што ќе згреши, а ние ќе искористиме. Знаеме дека Австријците физички се силни, негуваат германски фудбал, сите скоро играат во Германија. Знаеме дека ќе бидат опасни на прекини. Ќе има многу дуели, и ние се подготвуваме да ги добиеме тие дуели за да немаме проблеми во одбраната“, рече Шишковски. 

Што за Шишковски е поволен резултат од мечот со Австрија?

„Победа, се разбира“, кажа тој. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk