Откако пет години, и тоа о успех, ја предводеше селекцијата на Украина, легендарниот Андриј Шевченко денеска преку социјалните мрежи најави дека веќе нема да ја врши оваа функција. Имено на него денеска му завршува договорот со Фудбалскиот сојуз на Украина…

Денеска ми истече договорот со Фудбалскиот сојуз на Украина. Минв пет години со најдобриот тим на Украина. Беше напорно, но докажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Голема благодарност до челниците на Сојузот кои ми овозможија да работам со репрезентацијата“ напиша покрај другото Шевченко.

Да потсетиме дека Украина на последното ЕУРО стигна до четвртфиналето каде беше елиминирана од Англија со 0:4. Во групната фаза, четата на Шевченко ја победи Македонија со 2:1.

 

sportmedia.mk