Селекторот на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко го објави поширокиот список на репрезентативци кои ги повика на тренинг кампот во пресрет на Европскиот шампионат на лето.

Украина е дел од нашата група, и нормално е дека се што се случува во нивниот табор и тоа како ќе не интересира.

Во моментов Шевченко повика 35 фудбалери, што е сериозна бројка, но тој очигледно дека сака да провери се што има и малку репрезентативен потенцијал во моментов.

Повикани се тројца фудбалери кои досега не биле повикувани, а тоа се играчот за врска на Шахтјор, Георгиј Судаков, играчот за врска на Динамо, Богдан Леднев и Артем Бондаренко од Мариупол. Исто така, повик по подолго време доби играчот на Динамо Киев, Виталиј Бујалски.

Голмани: Георги Бушан (Динамо), Андриј Пјатов (Шахтјор), Анатолиј Трубин  (Шахтјор), Андриј Лунин (Реал Мадрид, Шпанија).

Дефанзивци: Александар Караваев, Илја Забарни, Виталиј Миколенко, Александар Тимчик, Александар Сирота, Денис Попов (сите од Динамо Киев), Николај Матвиенко, Серхиј Кривцов, Виктор Корниенко (Шахтјор Доњецк), Едуард Собол (Бриж, Белгија), Богдан Микала (Андерлехт, Белгија).

Играчи за врска: Тарас Степаненко, Марлос, Георги Судаков (сите од Шахтјор), Сергеј Сидорчук, Владимир Шепелев, Николај Шапаренко, Виталиј Бујалски, Александар Андриевски, Виктор Циганков, Богдан Леднев (сите од Динамо Киев), Артем Бондаренко (Маријупол Мак), Ев , Белгија), Александар Зубков (Ференцварош, Унгарија), Руслан Малиновски (Аталанта, Италија, Виктор Коваленко ( Аталанта, Италија), Александар Зинченко (Манчестер Сити, Англија), Андреј Јармоленко (Вест Хем, Англија).

Напаѓачи: Роман Јаремчук (Гент, Белгија), Артем Довбик (Днипро-1), Артем Беседин (Динамо).

Собирот на тимот е закажан за 15 мај во Карков, каде на 23 мај Украина ќе го пречека Бахреин во пријателски натпревар.

sportmedia.mk