logo
logo
logo

Шеваљевиќ: Пик Сегед е одличен тим, Вардар има ривалство со него и не очекува супер натпревар

Vecer | 12.02.2021

Шеваљевиќ: Пик Сегед е одличен тим, Вардар има ривалство со него и не очекува супер натпревар

Најновото засилување на тимот на Вардар, Васко Шеваљевиќ пред неделниот дуел против Пик Сегед вели дека тоа е дуел кој двата тима со нетрпение го очекуваат од проста причина што постои тоа ривалство со години, и кое  е негувано преку безброј одиграни меѓусебни мечеви. Тој се надоврзува и на одложениот дуел со Фленсбург и начинот на кои сите се спрауваат со овие коронавирус времиња.

„Кога на пола тренинг ќе дознаеш дека мечот за кој си се подготвувал е откажан јасно е дека ситуацијата е специфична. Потоа веднаш мораше да стартуваме да се подготвуваме за Пик Сегед. Тоа е што е, таква е годината, се случуваат вакви проблеми, а нам како професионалци не ни преостанува ношто друго туку да си ја работиме работата“ – вели Шеваљевиќ па додава.

„В недела не очекува тој дуел со Пик Сегед, а кога игра дома Вардар мора да оди на полн плен. Гледавме неколку видеа од противникот, ги анализираме. Се работи за одлична екипа која на секоја позиција има по два одлични играчи и го негува тој шпански стил на ракомет, добро познат за сите кои ја следат Лигата на Шампионите. Постои и тоа ривалство помеѓу Вардар и Пиг Сегед што го прави овој меч уште поинтересен“ – истакнува бекот. 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk