logo
logo
logo

Шесткратен шампион и финалист на Купот на УЕФА е пред БАНКРОТ!

Vecer | 23.04.2021

Шесткратен шампион и финалист на Купот на УЕФА е пред БАНКРОТ!

Шесткратниот француски шампион Бордо ги проживува најтешките денови во историјата на клубот кој е формиран во 1881 година. Клубот чиј дрес, меѓу другите, го носеше и Зинедин Зидан, доби принудно раководство откако сопствениците, инвестициската фирма „Кинг стрит“ соопшти дека се повлекува и нема повеќе да дава финансиска поддршка.

Славниот француски клуб има финансиски проблеми поради влијанието на пандемијата со коронавирусот и прераниот крај на минатата сезона што доведе го значително губење на приходи. Проблемите дополнително се зголемија кога шпанската агенција за медиумски права „Медијапро“ банкротираше и минатата година не изврши уплати.

Бордо последен пат ја освои титулата во Франција во сезоната 2008/09, пет пати го освојуваше Купот на Франција (последен пат во 2013 година), три пати го освојуваше Лига купот. Оваа сезона клубот е на 16-тата позиција, пет поени над опасната зона.

Во сезоната 1995/96 во првото коло на Купот на УЕФА го елиминира Вардар, а истата сезона стигна до финалето кое го загуби од Баерн Минхен. Тогаш за францускиот клуб играа Зидан, Криштоф Дугари, Ричард Вичге, Биксент Лизаразу, Лоран Кроси…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk